Maлолетен крадец испратен во Воспитен дом

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при скопското СВР вчера лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој на 22 август на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ одзел лични предмети од скопјанка.

„Лицето било задржано во полициска станица, а од судија за деца изречено е решение за извршување на заводска воспитна мерка во Воспитно поправен дом Тетово, по што малолетникот бил спроведен во домот“, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Слични содржини