Малолетници нападнати во Градскиот парк во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Во два одделни случаи во Градскиот парк во Скопје синоќа биле нападнати неколку малолетници.

Како што соопшти МВР, првиот случај утрово, во 00:20 часот, во полиција го пријавил В.Г.(44) од Скопје. Според пријавата, синоќа околу 22.45 часот во Градскиот парк во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Во вториот случај, пак, во Градскиот парк малолетници со закана од друг малолетник одзеле пари. Случајот во полиција утрово, во 00:40 часот, го пријавил Д.Т.(41) од Скопје, татко на оштетениот малолетник.

Полицијата презема мерки за расчистување на случааите.

Слични содржини