Малолетник од Сирија пронајден во багажникот од возило, возачот и останатите мигранти избегале

од Берта Китинска

На 14.07.2020 во 12.30 часот кај тунелите на магистралниот пат Удово – Демир Капија било забележано патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти. По преземени мерки од полициски службеници возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.

Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале.

На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци, соопштуваат од МВР.

Пронајдениот мигрант бил задржан во ПТЦ Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини