Малта им дава по 100 евра на граѓаните, а 200 евра на туристите

од Nikola Popovski

Владата на Малта вчера објави дека ќе одвои 50 милиони евра, со цел да издаде ваучери во вредност од 100 евра на секој граѓанин над 16-годишна возраст, со цел да се поттикне потрошувачката по вонредната состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.

„Ова е мерка што ќе влијае на сите, компаниите, семејствата и работниците“, реколпремиерот на Малта, Роберт Абел, на прес-конференција.

Министерот за економија, Силвио Шембри, прецизирал дека ваучерите во вредност од 60 евра ќе можат да се трошат во ресторани и туристички капацитети, а ваучерите во вредност од 40 евра се наменети за потрошувачка во продавници и за други услуги.

Околу 25.000 компании ги исполнуваат условите за добивање исплата преку ваучери, пренесува Ројтерс.

Малта, која исто така се обидува да ги поттикне трошењата на туристите, минатиот месец објави дека ќе им исплати на туристите до 200 евра доколку останат на островот најмалку три дена.

Сумата што туристите ќе ја добијат зависи од хотелот во кој престојуваат.

Слични содржини