Малтретираното момче ѕвезда на рагби натпревар во Австралија

од Vladimir Zorba

Деветгодишното момче со џуџест раст од Австралија стана централна личност на една голема спортска манифестација, неколку дена откако се појави видео од него како плаче поради тоа што го малтретираат во училиште, со кое освои милиони срца низ целиот свет.

Квејден Бејлс, кој има абориџинско потекло, излезе со рагбистите на теренот во пријателскиот натпревар на Квинсленд против Нов Зеланд Маори.

Мајката на Квејден вели дека секогаш сонувал да стане рагби sвезда.

Таа објави видео од момчето како плаче бидејќи го малтретирале на училиште.

Познати личности понудија поддршка, а стотици илјади долари беа собрани во кампањата за негово патување во Дизниленд.

„Најубавиот ден од неговиот живот“

Ол-стар тимот на Националната рагби лига го повика Квејден да ги изнесе на теренот пред саботниот натпревар.

Рагбистот Латрел Мичел го упати повикот преку видео-порака.

„Ние те поддржуваме и само сакаме да знаеме дали си добро … сакаме да не изнесеш на теренот за викенд“, рече тој.

Држејќи ја раката на капитенот на тимот, Џоел Томпсон, Квејден го изнесе тимот на теренот и доби огромен аплауз од публиката.

Потоа, тој позираше со екипите, држејќи ја топката, пред да му ја предаде на судијата.

Маорите победи со резултат 30-16.

Мајката на момчето изјави на прес-конференција дека Квејден „најлошиот ден во животот ќе го донесе до најубавиот ден во неговиот живот“.

Неколку дена порано, таа објави видео кое има милиони прегледи.

„Еве што значи малтретирање“, вели таа во видеото каде нејзиниот син вели дека сака да умре.

Ѕвезди, меѓу кои и актерот Хју Џекмен и кошаркарот Енес Кантер, се огласија по повод објавата, а родителите од другите земји објавуваа видео пораки на своите деца.

Мајката на Квејден вели дека се надева дека искуството на нејзиниот син ќе го насочи вниманието од ефектите на малтретирањето.

„Изгубивме многу луѓе заради малтретирање, дискриминација, расизам. Постојат многу фактори на малтретирање“, рече таа.

„Згора на тоа, да се биде Абориџин со попреченост – луѓето не разбираат колку е проблематично. Прво, постои расизам, а потоа дискриминација заради инвалидитет“, додаде таа.

Слични содржини