Здравко Мамиќ е последен во низата спортски работници кои застанаа во одбрана на Новак Ѓоковиќ – во свој стил.
Најдобриот тенисер е на удар на светската јавност по прекинот на „Адрија турнеја“ во Задар, откако неколку играчи беа заразени со коронавирусот.
Новак беше меѓу нив, а тој и неговата сопруга Јелена неодамна добија негативен тест за Ковид-19.
Многумина фрлаа „дрвја и камења“ по Ѓоковиќ, дури и од соседството, додека спортските легенди како Дино Раџа застанаа покрај светскиот рекет број.
„Сакав да пишувам за тоа. Се откажав, за да не им дозволам на кретените да се изживуваат на тоа свето презиме. Затоа што сигурно некој би го искористил за да го валка преку мојата судска постапка “, рече Здравко Мамиќ за време на интервјуто за ТВ Елта ХД и додаде:
„Им порачувам на сите оние што зборуваат лошо за Новак Ѓоковиќ, прво да ги дезинфицираат устите. Затоа што, семејството Ѓоковиќ и тој самиот, со своето однесување и дела, заслужуваат секој да им се обрати во став мирно“, истакна Мамиќ.