Мамурлак од десерти постои, а еве како може да се спасите ако ви се случи

од Elena Daskalova

Во генетскиот код на луѓето е да се наклонети кон слаткиот вкус и тоа потекнува уште од дамнешни времиња, кога нашите предци биле ловци и собирачи на плодови.

Според вкусот, тие препознавале дали некое растение е отровно. Слаткиот вкус им бил знак дека плодот е безбеден, а горчливиот дека е отровен или дека не треба да се користи често во исхрана. Денес, пак, шеќерот е еден од најголемите непријатели на човековото здравје.

Кога претеруваме со благо, кое секако, го обожаваме, телото нè предупредува со состојба наречена десертен мамурлак. Прашањето е, како да се „отрезниме“ од него?

Потребно е темелно прочистување

Шеќерот создава кисела средина во нашето тело, па потребно е да се алкализира. Тука на помош доаѓа лимонот, кој иако е кисел, има својство во организмот да создаде алкална средина. Неколку утра по ред испијте чаша млака вода со исцеден сок од еден лимон во неа.

Но, целосно избегнувајте…

Млечни производи и сол. Млечните производи го отежнуваат варењето, а солта во комбинација со шеќерот ќе ви предизвика подуеност.

Избегнувајте благо одреден период

Да, тука спаѓа и кафето со шеќер и шлаг. Па дури и обичното црно кафе. Вашиот организам веќе има премногу работа да го испроцесира целиот тој шеќер, па не му е потребен и кофеин.

Не претерувајте со вежбање

Колку и да ви се чини парадоксално, во овој случај не треба да се препотувате и напорно да вежбате. Доволно е да прошетате половина час и потоа да се одморите, бидејќи на телото му е потребна енергијата да се избори со мамурлакот од благо.

Слични содржини