Манасков во Веспрем до 2022 година

од Vladimir Zorba

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, го продолжи договорот со клубот Веспрем за уште две години, и тоа значи дека се обврза на верност во унгарскиот тим до јуни 2022 година.

Покрај нашето крило Манасков, договорот со Веспрем го продолжија и Гаспер Маргуч и Петар Ненадиќ, а четиригодишен договор потпиша 202-сантиметри високиот голман на ПСЖ, Родриго Коралес.

Манасков својата сениорска кариера ја почна во Металург, таму играше до 2014 година, потоа кратко беше во германски Вецлар, од каде дојде во Вардар. Кај „црвено-црните“ остана само една сезона, и потоа прејде во Рајн Некар Левен, а од 2017 година е во Веспрем.

Слични содржини