Манчестер Јунајтед без Погба неколку недели

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе биде надвор од фудбалските терени неколку недели поради повреда на десниот бут на мечот против Евертон во саботата (3-3), изјави тренерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјаер.

Погба ќе ги пропушти следните натпревари на Манчестер Јунајтед поради повреда, вклучувајќи ги „натпреварот против Вест Хем во ФА купот во вторник и натпревари против Реал Сосиедад во осминафиналето од Лигата на Европа“, на 18 и 25 февруари.

Францускиот фудбалер го напушти Олд Трафорд на крајот на првото полувреме од натпреварот против Евертон во саботата, жалејќи се на болка во бутот.

„Тоа е повреда која бара неколку недели закрепнување. Тој штотуку започна со третман во соработка со медицинскиот персонал на клубот и ние ќе го вратиме што е можно поскоро и безбедно. Пол е многу важен за нас и нема да ризикуваме“, рече Оле Гунар Солскјаер.

Слични содржини