Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со големата шведска надеж

од Vladimir Zorba

Младиот шведски репрезентативец, Ентони Еланга во петокот потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед со кој ќе остане на „Олд Трафорд“ до летото 2026 година, соопштија од клубот.

Еланга досега пет пати играше за првиот тим на Јунајтед, а во вториот настап забележа и гол во победата од 2:1 против Вулверхемптон во мај годинава.

– Нивото е исклучително високо, но овој договор е уште еден важен момент на моето патување. Ова е идеална средина за нов исчекор, во друштво на врвни играчи и тренери од кои можам да учам секој ден – изјави Еланга.

Сезонава три пати играше за првиот тим. Во септември влезе како замена во поразот од Вест Хем (0-1) во англискиот Лига куп (Карабао куп), а на почетокот на декември играше во Премиер лигата против Кристал Палас, првиот натпревар кој го водеше Ралф Рангник. Само три дена подоцна германскиот стручњак го вклучи во стартниот состав на натпреварот од Лигата на шампионите против швајцарскиот Јанг Бојс.

– Возбудени сме што Ентони потпиша нов договор и сите се возбудени да го видат неговиот напредок во наредните сезони – изјави спортскиот директор на Манчестер Јунајтед, Џон Муртоу.

Слични содржини