Актуелно
Почетна / Спорт / Манчестер Јунајтед и Спортинг не се договорија за Фернандеш

Манчестер Јунајтед и Спортинг не се договорија за Фернандеш

Преговорите меѓу Спортинг (Лисабон) и Манчестер Јунајтед за Бруно Фернандеш конечно пропаднаа и нема да има трансфер, ексклузивно објави „Сан“. Долго време, двата клуба дискутираа за условите на договорот, но не успеаја да се разберат.

Информациите во медиумите се различни, при што „Сан“ тврди дека Португалците барале 68 милиони фунти, додека од „Олд Трафорд“ понудиле максимум 42,5 милиони плус дополнителни 8,5 милиони во клаузули.

Дваесет и пет-годишниот играч од средниот ред се очекуваше да пристигне во Јунајтед уште минатото лето, но двата клуба не успеаја да потпишат договор.

„Црвените ѓаволи“ се убедени дека цената што ја поставиле Спортинг за Фернандеш е нереална и затоа нема да ги исполнат барањата на „лавовите“ од Лисабон.

loading...