Манчестер Јунајтед може да биде казнет со одземање на бодови?

од Nikola Popovski

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денес објави дека ги истражува настаните што доведоа до одложување на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“.

Инцидентите се случија во неделата попладне за време на протестот на навивачите на Манчестер Јунајтед пред стадионот. Навивачите, неколку стотици од нив, ја пробија оградата и упаднаа на теренот, извикувајќи пораки против сопственикот на клубот, семејството Глејзер и некоlkuзапалени факели на теренот.

Натпреварот требаше да започне во 17.30 часот, но беше одложен од безбедносни причини.

ФА изјави дека ги истражува настаните од Олд Трафорд.

„Како дел од тој процес, ФА ќе соработува со Манчестер Јунајтед, Премиер лигата и безбедносните органи“, изјавиле од Асоцијацијата, пренесе Скај.

Дел од англиските медиуми објавија дека е можно на клубот од Манчестер да му бидат одземени бодови, што би одело во прилог на останатите клубови од врвот на табелата.

Британскиот министер за спорт Најџел Хаделстон изјави дека насилството е неприфатливо.

„Страстите се одлични во фудбалот, но постои начин да се протестира и да се чуе вашиот глас без да повредите или да ги загрозувате другите. Ние ги разбираме фрустрациите, но насилството на малцинството навивачи на Олд Трафорд вчера е неприфатливо“, изјави министерот.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се лути на улогата на клубот во основањето на Европската Суперлига и начинот на управување со клубот и бараат од семејството Глејзер да го продаде клубот.

Слични содржини