Манчестер Јунајтед започнал преговори со Милинковиќ-Савиќ?

од Aleksandar Petrovski

Челниците на Манчестер Јунајтед, наводно, контактирале со Матеја Кежман за евентуалниот трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди шпанскиот портал „Fichajes.com“, повикувајќи се на неговите извори.

Веќе година ипол, Сергеј е „тивка желба“ на Јунајтед, кој во овој преоден рок очајно бара квалитетен играч од средниот ред кој му е потребен за шампионската трка.

Лацио претходно бараше 150, а потоа 120 милиони за Сергеј, но челниците на римскиот клуб неодамна постигнаа договор со српскиот играч од средниот ред дека 80 милиони е границата под која тој нема да ги разгледа понудите и дека може да оди за тие пари.

Сергеј неодамна го постигна својот осми гол за Лацио во Серија А, и додаде уште седум асистенции во сезоната во која Римјаните ја обезбедија ЛШ.

Слични содржини