Манчестер му плаќа на Варан двојно повеќе од Реал

од Stefanija Kuzmanovska

Постојат сите шанси Реал Мадрид да остане без уште еден дел од долгогодишниот тандем на стопери. Капитенот Серхио Рамос го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и замина како слободен агент во Пари Сен Жермен, а лесно може да се случи Рафаел Варан да го напушти кралскиот клуб.

Французинот е се поблизу до трансфер во Манчестер Јунајтед, решен да стави крај на својата десетгодишна шпанска авантура. Според податоците кои се појавија во јавноста пред еден месец, 28-годишниот дефанзивец сака нов предизвик во кариерата, тој е заситен од Реал со кого освои сè и планот му е да се пресели во друг клуб, каде повторно би освојувалнови височини. Во исто време, Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед се појавија како опции, сепак, бидејќи Рамос во меѓувреме ги засили парижаните, „црвените ѓаволи“ останаа како единствениот вистински кандидат за потписот на момчето од Лил.

Според „Марка“, англискиот великан и Рафаел Варан ги договориле деталите за соработката. Договорот би бил на пет години, а платата би била околу 10.000.000 евра. Скоро двојно повеќе од приходите во Реал, бидејќи во моментов заработува 5.500.000. Ем ќе добие многу повеќе, ем ќе се испроба во Премиер лигата. Доволно предизвикувачки е Варан да им каже „да“ на челниците на клубот од Олд Трафорд. Предвидената плата, под услов да го заврши комплетниот договор, ќе изнесува 50.000.000 евра.

Бидејќи секогаш е полесен дел од работата да се убеди играч, Манчестер допрва треба да најде модел на соработка со Реал. И не е баш лесно кога Флорентино Перез е на преговарачката маса. Мадрид бара отштета од 55.000.000 до 60.000.000 евра. Јунајтед бара да помине што е можно поевтино, бидејќи веќе потрошија 85.000.000 евра за Џејдон Санчо (со 10.000.000 преку бонуси за Борусија Дортмунд) и мора да штеди. Според некои тврдења, Манчестер оваа недела ќе испрати официјална понуда до Реал Мадрид за Рафаел Варан во износ од 50.000.000.

Оној што Французинот го доби од Мадрид, а се однесуваше на продолжување на соработката, тој категорично го одби. Трет пат. Последниот беше упатен на 7.000.000 евра по сезона. Тој е врзан со документи за „кралскиот клуб“ уште една година. Ова е последна шанса на Реал да го продаде. Се чини дека е само прашање на време.

Слични содржини