МАНЧЕСТЕР ПОДГОТВИ 10 ГОДИШЕН ДОГОВОР ЗА МЕСИ: Њујорк вклучен во шокантниот трансфер!

од Vladimir Zorba

Пред неколку години, богатиот шеф на Манчестер Сити не криеше дека сака да го донесе Лионел Меси.

Кризата во односите меѓу Аргентинецот и Барселона, која ескалираше минатото лето, повторно ја разгоре приказната за трансфер.

Договорот на Меси истекува следното лето, а тие информации одат на рака на англискиот клуб.

Угледниот британски „Тајм“ објави дека Сити му нудат десетгодишен договор на Лео. Бидејќи Меси има 33 години и јасно е дека нема да може да игра на врвно ниво до 43-та година од животот, „Граѓаните“ му понудија да остане во клубот и по играчката кариера.

Тоа би значело дека Меси ќе стане амбасадор на клубот, односно може да помогне во работата во кој било од десетте клуба кои се во сопственост на групацијата Сити.

Таа е сопственик на Манчестер Сити, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Јокохама Маринос, Монтевидео Сити Торко, Џирона, Сишуан Џиуниу, Мумбаи Сити, Ломел и Троа, па Меси чека работа во некој од тие клубови. Се претпоставува дека Меси може да замине прво во Њујорк.

Сити би можел да му понуди преддоговор на Меси уште од 1 јануари, а во поддршка е и фактот дека неодамна беше продолжен договорот со Пеп Гвардиола.

Слични содржини