Манчестер сити би платил за Иско 75 милиони евра

од Vladimir Zorba

Шампионот во Премиер лигата, Манчестер сити е заинтересиран во своите редови да го донесе играч од средниот ред на Реал и шпански репрезентативец Иско.

Според „Дон Балон“ англискиот клуб е подготвен да плати 75 милиони евра за евентуален ангажман на Иско.

Тренерот на „граѓаните“ Јозеп Гвардиола, во Иско гледа долгорочна замена за Давид Силва.

Дваесет и шестгодишниот Иско оваа сезона настапи на 25 натпревари за Реал и постигна четири гола со еднa  асистенција.

Слични содржини