Манчестер Сити го зема Мбaпе во лето?

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити може да го привлече големиот талент на францускиот фудбал Килиан Мбапе во текот на летото, тврди Мирор.

Во моментов младиот стрелец игра под наем во ПСЖ од Монако, откако меѓу двете страни има опција трансферот да стане перманентен по крајот на сезоната, откако во касата на „црвено-белите“ ќе влезат 190 милиони eвра.

ПСЖ сепак можат да бидат исфрлени од Лигата на Шампионите поради систематско кршење на финансискиот ферплеј, а ако тоа се случи шефовите на клубот ќе бидат принудени да продадат некои од високо ценетите ѕвезди на тимот, за да влезат во потребниот финансиски ритам.

Токму на такво сценарио се надеваат од Сити.

Дури е речено дека Пеп Гвардиола веќе се сретнал со момчето и го убедил да го избере „Етихад“ за следна станица во неговата кариера.

Слични содржини