Манчевски апелираше граѓаните да ги консултираат институциите и да вадат документи по електорнски пат

од Aleksandar Todeski

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, потсети дека граѓаните имаат можност електронски да ги добиваат најчесто бараните документи онлајн, а по електронски пат да се консултираат и со институциите.

„Во насока на сите мерки кои ги презема владата за справување со Ковид-19, сите кои имаат потреба од услуги или консултации со инситуции, тоа да го прават по електронски пат. Со цел да се намалат редовите за чекање, овозможивме документите може да се добијат и по електронски пат, па нема никаква потреба да се појават на шалтер“, истакна Манчевски.

Тој посочи дека за сите информации кои ги бараат граѓаните, може да ги добијат телефонски или по електронски пат да ги консултираат  институциите.

Слични содржини