Манчевски: Датумот за изборите треба да се договори со консензус, но разговорите не може долготрајно да се продолжуваат

од Aleksandar Petrovski

Датумот за одржување на изборите треба да се договори со консензус, но разговорите не може долготрајно да се продолжуваат, вели во своето вечерашно гостување на Алсат, потпретседателот на владејачката СДСМ, Дамјан Манчевски.

Како што вели тој, ако вонредната состојба, којашто завршува на 30 мај, не биде продолжена, државата би можело да се соочи со безвластие.

„Можеме да се договараме за датум за избори до одреден временски период, но ако траат несогледливо долго, со месеци, а не се продолжи вонредната состојба, ние ќе се соочиме со безвластие во државата. Немаме Собрание, ќе има влада која ќе нема да може да носи никакви одлуки со важност на Уредби“, рече Манчевски.

Слични содржини