Манчевски до Стаменковска: Престанете да ширите лажни вести

од Viktor Jovanov

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во вечерашната дебата на Канал5 телевизија изјави дека дополнителната заменичка министерка во министерството, Невенка Стаменковска Стојковски шири лажни вести во однос на тоа дека се врши притисок во однос на изборите врз вработените во администрацијата.

-Мора да престанете да ширите лажни вести, токму поради тоа што сте заменичка министер во министерство кое треба да го спречува тоа. Портал без никаква одговорност објавува нешто, потоа го презема функционер и од тоа прави поголема вест. До 2017 ова се случуваше затоа се доведовме во таква состојба со медиумите. Вие го направивите тоа, такво нешто не смее да се случи. Тоа го направивте со вработените во катастар и вработените во училиштето во Куманово за кои велевте дека се вршело притисок да дојдат во Скопје на маршот за правда. Проверивме и се испотави дека тоа не е точно, и се обрати Манчевски на Стаменковска Стојковски.

Слични содржини