Манчевски: Доколку граѓаните не ја симнат апликацијата и блутутот не биде вклучен, ќе немаме корист од неа

од Nikola Popovski

Министерот Дамјан Манчевски за „Топ Тема“ изјави дека најбитно за новата апликација StopKorona! е да биде широко распространета и дека блутутот мора да биде вклучен.

„Доколку луѓето не ја симнат оваа апликација, доколку таа не е масовно распространета и блутутот не е уклучен, тогаш нема да имаме никаква корист од неа“, вели  Манчевски.

Тој додаде дека ова е минимум што го бараат од граѓаните за да се заштитат себеси и тие околу нив.

„Оваа апликација ги штити другите кои биле во контакт со нас. Затоа бараме минимум граѓанска одговорност, да се уклучи блутот и тоа ќе биде сосема доволно“, изјави министерот.

Слични содржини