Манчевски: Европската комисија евидентира дека атмосферата во медиумите и администрацијата е променета

од Viktor Jovanov

Апсолутно е сменета атмосферата и во медиумите и во администацијата, тоа всушност е евидентирано и во извештаите на ЕК, зарем некој воопшто нас ќе ни опростеше ако продолжеше да се спроведува теророт кој што го спроведувавте врз вработените во администрацијата, списоци дали се бараат за гласање од вработените? Дали се бараат списоци за идење на митинзи? Нема такво нешто, посочи Дамјан Манчевски министер за информатичко општество и администрација во гостувањето во емисијата Само Вистина на Канал 5.

Тој ја посочи новата алатка за вработените во јавниот сектор со која ќе можат да пријавуваат прекршување на законите односно биле под некаков политички притисок со што се унапредува заштитата на вработените во државните институции. – Не смееме да дозволиме повторување на минатото, заклучи Манчевски.

Слични содржини