Актуелно
Почетна / Македонија / Манчевски: Мицкоски мора да сноси кривична одговорност за прекршувањето на мерките

Манчевски: Мицкоски мора да сноси кривична одговорност за прекршувањето на мерките

Деновиве бевме сведоци на крајно неодговорно однесување од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но она што е уште пострашно е што во дел од неговите изјави тој апсолутно потсетува на едни поранешни времиња, кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше и судија, и полиција, изречител на казни и мерки. Имено не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во она што се случуваше на улица “Боемска” има редица на кривични дела, изјави  потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Прво тој како и многу пати досега што се покажа не ги почитува мерките за заштитта од Ковид 19.Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот.

Вториот момент за кривично дело е дека спречуваа луѓе инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност. Овие луѓе 2 часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело.

Она што сакаме да му го порачаме е дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ или било кој политичар пишуваше казни и самиот пресудуваше. Не е така, судот на основа на она што го кажуваат доказите и кривичните пријави кој што ќе следуваат, ќе каже која е казната којашто треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување пред се кон здравјето и животот на граѓаните.

loading...