Манчевски: Во администрацијата се вработува согласно потребите на институциите, а не потребите на власта

од Ивана Рамаданова

Конечно, после долго време во администрацијата се вработува согласно потребите на институциите, а не согласно потребите на партијата на власт, вели Министерот за информаичко општество, Дамјан Манчевски.

Според него, вработувањата нема да престанат, затоа што институциите постојано имаат потреба од пополнување на места кои од различни причини се испразнуваат.

„Конкретно во МИОА, новите вработувања се однесуваат на потреби на министерството поврзани со големиот број на проекти како што е реорганизацијата на јавната администрација, Националниот регистер на население, Порталот за е-услуги, отворање на Една точка за услуги во повеќе градови, модернизиран систем за управување со документи…

Од тие причини профилот на најголем број од отворените позиции се во делот на правните науки, како и инженери. Ова е и во насока на препораките од Европската Унија за недостаток на квалификуван кадар во МИОА. Од основањето на МИОА, по различни основи си заминале повеќе од 130 лица. Дел од овие позиции беа пополнети, дел се пополнуваат сега.

Со колкава реална бројка би функционирала администрацијата во држава со 1,5 милион жители?

Нема вистински одговор на ова прашање. Во секоја земја е различно. Европски просек на процент на вработени во јавен сектор во однос на вкупниот број на вработение е 17 проценти. Кај нас односот е 19 проценти, што значи дека не сме далеку од европскиот просек. Во земјите каде граѓаните се најзадоволни од услугите на јавниот сектор овој сооднос е над 20 проценти, па дури стигнува и до 30 проценти“, вели Манчевски.

Целосното интервју може да го прочитате на Стандард.

Слични содржини