Манчевски: Во времето на Груевски не се знаеше бројката на вработените во администрација

од Viktor Jovanov

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во вечерашното издание на Клик плус изјави дека бројот на административците во Македонија не е над европскиот просек.

Тој додава дека во времето на владеењето на Никола Груевски, бројката на административците воопшто и не била позната.

По најавата дека администрацијата ќе се растерети со префрлување на вработените во приватниот сектор, министерот Манчевски изјави дека административците ќе добиваат поголема плата таму, отколку како вработени во државна институција.

Слични содржини