Мандарина ролат

од desk2

Во овој рецепт мандарината игра улога на декоративен вкусен додаток,  а може е и кралица на рецептот. Подгответе го и кажете.

Состојки
За тесто
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 лажица какао
1 пакетче прашок за печиво
сок од 1 мандарина
За фил
400 мл млеко
6 лажици шеќер
1 пакетче прашок за пудинг од ванила
1 лажица нишесте (или брашно)
1 жолчка
150 гр маргарин
7-8 мандарини

Декоративен и вкусен ролат.

Подготовка

Матете ги јајцата и шеќерот најмалку 10 минути до кремаста структура.
Брашното, какаото и пецивото измешајте ги да нема грутчиња или поминете ги низ сито и со најмала брзина на миксерот вмешајте ги во изматените јајца. На крај со рака или алатка исцедете една мандарина и кратко поминете со миксерот да се соедини.

Смесата излијте ја во обложен плех од шпоретот со пек хартија и печете на 170С 15на минути.

Печената кора извадете ја од хартијата и замотајте ја во влажна пацета во ролат.

Додека се загреваат 300 мл млеко и 5 лажици шеќер, во останатото млеко и шеќер растворете го пудингот, нишестето и жолчката, па додадете ги во загреаното млеко и сварете густ крем.

Префрлете го кремот во друг сад за полесно да лади и додадете го маргаринот, па со миксер изматете до кремаста структура.

Премачкајте ја кората со кремот насекаде. На почетокот наредете ги излупените мандарини цели и внимателно завиткајте во ролат.

Оставете го најдобро преку ноќ на ладно да отстои пред да го исечите на парчиња.

Слични содржини