Мане му кажал „да“ на Зинедин Зидан

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане се согласил да се пресели во Реал Мадрид во текот на летото, според неколку различни медиуми.

Сенегалецот добил повик од тренерот Зиендин Зидан пред неколку недели. Токму во овој разговор фудбалерот на „црвените“ му соопштил на Французинот дека нема пречка за недо да го замени „Енфилд“ со „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, од штабот на Ливерпул биле непопустливи дека Сенегалецот, кој беше главна личност во англискиот состав минатата сезона, не е на продажба по никоја цена.

Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез исто така не е убеден во квалитетите на играчот, и покрај желбите на Зинедин Зидан.

Слични содржини