Манекенка ги зголемила градите 4 пати, а сега се кае: „Мажите се плашат да излезат со мене“

од Stefanija Kuzmanovska

Инфлуенсерката и германската манекенка Ивон Бар (Yvonne Bar) ја следат над 1,2 милиони луѓе, а сега ги изненади сите свои следбеници со веста дека размислува за намалување на градите.

Имено, Ивон направила зголемување на градите четири пати и потрошила околу 40 илјади евра на естетска хирургија и липосукција. Го подигна и задникот, а ниту ботоксот не и е непознат.

Но, таа откри дека мажите се плашат да излезат со неа и дека размислува за намалување на градите. Медиумите претходно пишуваа за фудбалер со кого била во врска, кој не сакаше јавно да ја признае романсата „поради нејзините лажни гради“.

„Размислувам за намалување на градите во одреден момент во иднина, бидејќи тие секогаш ме осудуваат за тоа и ме гледаат на погрешен начин. Тие ме гледаат и ме третираат како да сум бонбона, а не нешто сериозно и се чувствувам како да плашам добри мажи“, рече инфлуенсерката.

Друга причина е болка во грбот. Сега таа сака да основа семејство и смета дека ова е вистинскиот чекор на тој пат. Иако сака да ги намали градите, нема да се откаже од естетската хирургија.

„Сакам да го поправам носот затоа што имам малку проблеми со дишењето“, рече таа, додавајќи дека сака да ја смени и неговата форма малку.

Покрај носот, таа размислува и за подигнување на образите. Таа, наводно, собрала пари за операциите на „OnlyFans“.

 

Слични содржини