Манекенката го покажа своето вистинско лице: Вака изгледа Адријана Лима без шминка! (ФОТО)

од Берта Китинска

Манекенката прошета во целосно опуштено издание и предизвика вистинска лавина коментари

Навикнати сме да го гледаме Адријан Лима (39) во најгламурозните изданија. Скоро секогаш е врвна, но овој пат фотографите ја „уловија“ во потполно природно издание, без трошка шминка, додека заедно со својата ќерка шеташе по улиците во Мајами.

За да ужива во сончевиот ден, таа избра црни хеланки и маица во иста боја.

Овие фотографии предизвикаа поделени коментари. “Убава и без грам шминка. Природна и негувана жена. “, можеше да се слушне, меѓу другото.

Но, од друга страна имаше и такви кои велат дека манекенката е незабележителна и дека изгледа како повеќето девојки. “Има многу поубава и попривлечна девојка од неа. Да ја поминев, немаше да ја препознаам”, гласеше еден коментар.

ФОТО: Profimedia

Слични содржини