Манекенката призна дека е во врска со Хари Стајлс: „Мислам дека тој е вистинскиот“

од Stefanija Kuzmanovska

Британските медиуми пред една недела објавија видео на кое се гледа миленикот на жените, музичарот Хари Стајлс како се бакнува со манекенката Емили Ратајковски на улиците на Токио, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Хари и Емили си размениле нежности покрај автомобилот лежерно облечени, а досега не се објавени никакви информации за нивната врска.

Но, сега Емили реши да зборува за се. Манекенката признала дека таа и Хари биле заедно два месеца и дека тоа го криеле. Емили рекла и дека мисли дека Хари можеби е „вистинскиот“, пишува „Дејли Мејл“.

Манекенката на почетокот на март гостуваше во подкаст во кој призна дека е вљубена, но не го откри името на избраникот.

„Само што почнав да излегувам со некој кој мислам дека ми се допаѓа. Мислам дека е многу добар“, изјави таа.

Слични содржини