Манекенката се огласи по скандалозната слика на која се држи за рака со мажот на починатата сестра

од Aleksandar Petrovski

Поранешниот сопруг на покојната актерка Наја Ривера, Рајан Дорси (37), започна да живее со нејзината сестра Никајла Ривера (25), а нивната фотографија на која се држат за раце го шокираше светот.

Целта на нивниот заеднички живот, како што истакна Никајла, е заедно да го воспитуваат синот на Рајан и Наја, Џози (5), кој ја изгуби својата мајка во јули оваа година.

По контроверзната фотографија, Никајла се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.

– Во ова тешко време, единствените работи што се важни се пријателите и семејството. Се залагав за мојот внук, иако не можам да се залагам за себе – започна таа.

– Не ми е гајле како изгледаат работите, бидејќи никој не може да го види секој болен момент низ кој поминуваме – додаде таа.

– Најважното нешто што научив е дека треба да бидете сочувствителни, не треба да им судите на другите и никогаш да не го земате моментот на животот здраво за готово. Се надевам дека сите можете да го сторите истото – заклучи Никајла на својата сторија на Инстаграм.

Да потсетиме, Рајан и Никајла неодамна се преселија заедно во изнајмена куќа која има три спални соби, каде се грижат за Џози, кој минатата недела наполни пет години, а имаат и помош од родителите на Рајан. Двојката ја поминува секоја слободна минута од своето време заедно и тие не ја напуштаат куќата едни без други.

На 19 септември, двајцата беа фотографирани во еден трговски центар, држејќи се за раце, како што паровите се држат за раце.

Фановите на починатата актерка веруваат дека нешто повеќе од семејна интимност се случува меѓу нив.

Да потсетиме, ѕвездата од серијата „Glee“, Наја Ривера трагично го загуби животот на 33-годишна возраст, кога на 8 јули исчезна на езерото Пир, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено пет дена подоцна на длабочина од 25 до 30 метри и изнесено од езерото.

Причината за смртта на младата актерка е давење, а начинот е несреќа, констатирале лекарите кои ја извршиле обдукцијата. Наја тогаш, како што пишуваа светските медиуми, успеа да го спаси нејзиниот син, но не и самата себе. Таа беше многу блиска со својата сестра, како и со Рајан, бидејќи се разведе во 2018 година.

Слични содржини