Манфред Вебер нов претседател на Европската народна партија

од Stefanija Kuzmanovska

Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) го избра Манфред Вебер за претседател на таа партија во Ротердам, објави ЕПП на својата веб-страница.

Според соопштението, Вебер, кој го наследи Доналд Туск на таа функција, добил 447 од 502 гласа.

Вебер рече дека е горд што е избран за претседател на најголемата политичка партија во Европа и што може да ги следи стапките на лидерите на ЕПП како што е Туск, се наведува на веб-страницата на ЕПП.

Слични содржини