Манила е во карантин

од Aleksandar Petrovski

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте нареди прекин на домашниот сообраќај во областа на Манила во следните 30 денови и одобри карантин во регионот за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Тој забрани и големи митинзи во главниот град, ја прекина работата на многу владини агенции и ја продолжи суспензијата на наставата за уште еден месец.

Во телевизиско обраќање, Дутерте предупреди дека оние кои ги кршат правилата или одбиваат да ги применуваат, ќе завршат во затвор. На Филипините досега се потврдени 52 случаи на заболени од Ковид-19, а две лица починаа.

Слични содржини