Мапа на австриски медиум предизвика нервоза во Приштина

од Vladimir Zorba

Добро познатиот австриски медиум „Остерајх“ Oe24.at објави мапа на Европа на која се гледаат Косово и Метохија како дел од Србија, што предизвика гнев во косовските медиуми.

Австриските медиуми на својот Инстаграм профил споделија мапа на земји чии граѓани можат да влезат во Австрија без ограничувања, по 19 мај, кога ќе заврши „локдаунот“ на таа земја, објави приштински „Телеграфи“.

Оттаму потсетуваат дека овој портал е многу популарен, но и дека, без оглед на објавената мапа, сепак е факт дека Австрија беше една од првите земји што ја призна независноста на Косово, објави Новости.

Слични содржини