Марадона можел да преживее, лекарите се соочуваат со сериозни обвиненија

од Stefanija Kuzmanovska

Лекарите на Диего Армандо Марадона може да бидат обвинети за убиство без предумисла, бидејќи медицинските извештаи покажуваат дека тој немал соодветна медицинска нега.

Марадона почина на 25 ноември од последиците од срцев удар, а три недели претходно имаше операција на мозокот за отстранување на тромб. Аргентинските судски власти формираа комисија која подготви извештај, сугерирајќи дека Марадона можел да избегне смрт.

Извештајот потврди дека Марадона починал од срцево заболување што го имал одамна, но смртта била директно предизвикана од небрежност на лекарите.

„Ситуацијата беше надвор од контрола во куќата на Марадона во Тигре, бидејќи немаше ниту минимална потребна медицинска опрема, па условите беа целосно несоодветни“, се наведува меѓу другото

Покрај тоа, лекарите кои го лекувале Марадона не биле свесни за неговите проблеми со срцето, белодробен едем и акутна цироза, бидејќи Марадона никогаш не бил подложен на детални прегледи.

Седум лица во моментов се под истрага: лекарот на Марадона, Леонардо Луке, неговиот физијатар Агустина Косашов, психологот Карлос Даниел Дијаз и уште четири други медицински сестри.

Слични содржини