МАРАДОНА НА ГРАДИТЕ: Натпревар во сеќавање на легендарниот Ел Пибе!

од Stefanija Kuzmanovska

Јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар продолжија ноќта помеѓу четврток и петок.

Во центарот на вниманието беше натпреварот помеѓу Аргентина и Чиле во Буенос Аирес, кој заврши нерешено 1: 1.

Аргентина повторно ги разочара своите приврзаници, поведоа со голот на Лионел Меси од пенал во 23-та минута, но Алексис Санчез набрзина израмни во 36-та минута, што на крајот се покажа како конечен резултат на натпреварот

Сепак, резултатот овој пат беше во втор план.

Имено, пред мечот беше откриена статуа на легендарниот Диего Армандо Марадона пред стадионот, а потоа сите „гаучоси“ играа во специјални дресови посветени на покојниот „Ел Пибе“.

Сите аргентински играчи имаа слика на Марадона на градите, со порака 1960 – засекогаш.

Слични содржини