Мараја Кери пред Опра откри шокантни информации за своето семејство

од Vladimir Zorba

Во интервју за Опра Винфри, 50-годишната пејачка Мараја Кери откри трауматски случаи со нејзините роднини, вклучувајќи и како нејзината постара сестра се обидела да ја продаде на макро кога Мараја имала 12 години. Опра дури прочита и извадоци од мемоарите на пејачката „Смислата на животот за Мараја Кери“, кои треба да бидат објавени наскоро и се очекува да предизвикаат бурни реакции.

„Кога имав 12 години, сестра ми ме дрогираше со валиум, ми понуди кокаин, ми предизвика изгореници од трет степен и се обиде да ме продаде на макро“, напишала Кери во своите мемоари.

Во самото интервју, пејачката сподели што, според нејзиното мислење, е причината за нејзината комплицирана врска со нејзината сестра и нејзиниот брат.

„Ние дури и не се познаваме како луѓе. Не пораснавме заедно. Тие имаа свој живот, и додека да се родам јас, тие веќе беа „расипани“. (Мараја е најмалото дете во семејството, нејзиниот брат Морисон е на 60, а нејзината сестра Елисон има 57). Буквално се чувствував како аутсајдер во моето семејство. Тие имаа искуство со живот со татко Афроамериканец и бела мајка, а јас претежно живеев со мајка ми (родителите на Кери се разведоа кога таа имала три години). Мислеа дека ми е полесно, но во реалноста не беше. Тие секогаш мислеа дека мојот живот е лесен“, призна пејачката.

Таа го сметала својот брат за „крајно суров“ и рече дека тој и нејзината сестра давале лажни информации за неа во медиумите. Ги нарекува поранешен брат и поранешна сестра, и и се обраќа на нејзината мајка по име. Ѕвездата вели дека сега нивната врска е премногу комплицирана.

Мараја никогаш нема да заборави еден случај со нејзината мајка. Во 2001 година, и покрај нејзиниот успех и претстојното издание на албумот „Glitter“, таа била емоционално и физички исцрпена и барала поддршка во домот на нејзината мајка. Но, по конфликт со неа, нејзината мајка се јавила на 911 и полицијата ја одвела Кери во болница.

Таа не рече: „Сè е во ред кај нас, јас ќе се грижам за ќерка ми, таа е само уморна и некој по грешка повика полиција“. Но, според Марија, нејзината мајка мислела поинаку: „Ме предизвика и ќе си го добиеш“.

„Задното седиште на полицискиот автомобил е живописно сеќавање, никогаш нема да го заборавам тоа“, рече вездата.

Но, искуството и помогнало на Кери во воспитувањето деца. Таа прави сè за нејзините 9-годишни близнаци Морокан и Монро да растат во љубов.

„Мислам дека да се биде мајка е навистина напорна работа. Затоа се обидувам да го направам животот на моите деца прекрасен“, сподели пејачката.

Патем, односите на нејзината сестра со нивната мајка исто така не се добри. Елисон ја тужи својата мајка за наводна принуда да учествува во сатански ритуали на 10-годишна возраст, при што таа била силувана од непознати мажи.

loading...

Слични содржини