Мараја Кери сними нова божиќна песна: Мора да ја слушнете! (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Музичката дива Мараја Кери (50) е позната по хитот „All I Want for Christmas Is You“ од 1994 година, а сега сними и нова божиќна песна.

„Oh Santa“ е наслов на сингл во кој таа ги здружи силите со пејачките Аријана Гранде и Џенифер Хадсон.

Песната беше објавена како дел од специјалното емитување на „Магичниот божиќен специјален на Мараја Кери“ на Епл ТВ, и тоа е спектакл што носи мешавина од песна, танц и анимација со голема доза на празничен дух.

Дали оваа божиќна песна од Мараја Кери ќе се пее и по 26 години, времето ќе покаже, а имајќи предвид дека песната „All I Want for Christmas Is You“ стигна само на врвот на топ 100 листата на Билборд во 2019 година, пејачката веќе знае дека чекањето се исплати.

Слични содржини