Марбург вирусот можеби пристигна во Шпанија, кои се симптомите?

од Stefanija Kuzmanovska

Во Шпанија кај маж кој неодамна допатувал од Екваторијална Гвинеја бил откриен првиот сомнителен случај на смртоносната заразна болест Марбург, соопштија денеска здравствените власти на шпанската област Валенсија.

Во Екваторијална Гвинеја, поради оваа форма на хеморагична треска, на 13 февруари повеќе од 200 луѓе беа ставени во карантин, а движењето беше ограничено во провинцијата Кие-Нтем, каде за прв пат беше откриен вирусот Марбург.

34-годишниот маж е префрлен од приватна болница во одделот за изолација во болницата Ла Фе во Валенсија, каде што се вршат тестови, соопштија здравствените власти, пренесе „Ројтерс“.

Марбург вирусот предизвикува хеморагична треска, која има стапка на смртност до 88 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО).

Во моментов нема одобрени вакцини или антивирусни третмани.

Екваторијална Гвинеја досега има пријавено 11 смртни случаи, како и 16 сомнителни случаи на болеста, со симптоми на треска, замор, повраќање крв и дијареа.

Слични содржини