Мареј: Новак треба да одговори на неколку прашања

од Vladimir Zorba

„Позитивно е што Новак повеќе не е во притвор. Се надевам дека сега ќе може да се фокусира на тенисот“, ја коментираше ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ, британскиот тенисер Енди Мареј, пренесоа австралиските медиуми.

Сепак, поранешниот светски тенисер број еден смета дека Србинот има уште неколку прашања да одговори.

„Новак треба да го коментира времето во изолација и сигурен сум дека ќе го направи тоа. Се надевам дека ќе можеме да ја свртиме страницата. Победи во судот, беше одличен и изгледа ќе игра на Австралија опен.

Ми се допаѓа што ќе се натпреваруваат најдобрите, иако има неколку прашања. Сè додека не дојдат одговорите, тешко е да се даде конечен суд за секоја ситуација“, заклучи Мареј.

Слични содржини