Мареј за Ѓоковиќ: Не ми се допаѓа што беше во притвор, ќе има многу прашања

од Vladimir Zorba

Новинарите на Би-Би-Си на терасата на Мелбурн Парк го дочекаа расплетот на ситуацијата со Новак Ѓоковиќ.

Во еден момент им пријде Енди Мареј и ја коментираше целата ситуација веднаш откако судот одлучи Србинот да не настапи на Австралија опен.

„Ова не е добро за турнирот бидејќи е подобро кога сите врвни играчи играат на него“, рече Мареј, додавајќи:

„Очигледно ќе има многу прашања за тоа што се случи овде и за ситуацијата во која се наоѓаше. Новак е некој што го познавам од мојата 12-та година, тој е некој што го почитувам и со кој се натпреварувам. Не ми се допаѓа што е во ваква ситуација и не ми се допаѓа што беше во притвор. Ситуацијата беше многу лоша за сите. Ми се чини дека овде се се случи во последен момент и затоа настана таква конфузија“, изјави Шкотланѓанецот.

Слични содржини