Мареј за „Големата четворка“: Три легенди и еден кловн

од Nikola Popovski

На претстојниот Лејвер куп, една од најголемите легенди на светскиот тенис Роџер Федерер заминува во пензија, а во лондонската „О2 Арена“ го очекува фантастичен настап. За пензионирањето на големиот Швајцарец ќе сведочат тројца од најдобрите играчи од неговата ера – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј.

Најмалку успешен меѓу четворицата асови секако е Шкотланѓанецот, кој освои три Грен Слема и секогаш покажуваше голема почит кон Роџер, Рафа и Новак. Како и многу пати досега, не му беше непознато да се шегува на своја сметка.

„Големата тројка и еден кловн. Ваквите тренинзи не се гледаат често. Апсолутна привилегија е да се дели теренот со овие тројца момци за последен пат“, напиша 35-годишниот Енди Мареј во описот на својата слика со тројца од најуспешните тенисери на 21 век.

Тенисерот од Глазгов одигра дури 11 ГС финалиња, три пати беше победен од Федерер во борбата за трофејот, а пет пати од Ѓоковиќ.

На првиот ден од Лејвер купот, во петок, во вечерната програма Федерер/Надал ќе играат во двојки против Џек Сок и Френсис Тиафо. Тој судир на програмата е втор по ред во вечерната програма, а од 19 часот се среќаваат Енди Мареј и Алекс де Минор.

Во дневната програма имаме уште два натпревари помеѓу Тим Европа и Тим Свет – од 13 часот се среќаваат Каспер Руд и Џек Сок, а потоа на терен ќе излезат Стефанос Циципас и Диего Шварцман.

Слични содржини