Мари поминува лекарски прегледи во Арсенал

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја заврши потрагата по стопер во зимскиот преоден рок. На „Емирати“ пристигнува Шпанецот Пабло Мари од Фламенго кого го делат само лекарски прегледи до договор со „топчиите“.

Мари летоска се пресели во Фламенго за 1,3 милиони евра. Одлично се вклопи во новата средина и веднаш стана еден од клучните играчи во освојување на титулите во Копа Либертадорес и во бразилската Серија А. Кариерата ја почна во Мајорка, а играше и за Химнастик, Манчестер сити, Џирона, НАК Бреда и Депортиво ла Коруња.

Шпанскиот дефанзивец се одликува со добра техника, пас игра и поставување. Таков профил на фудбалер, смета јавноста, е неопходен во филозофијата на Артета која е слична на Пеп Гвардиола.

Од Мари се очекува да биде големо освежување во дефанзивната линија на Арсенал во која Сократис Папастатопулос, Давид Луис, Шкодран Мустафи не влеваат премногу сигурност. Згора на тоа, со тешка повреда се здоби и Калум Чемберс, па повеќе од јасна беше итноста за ангажман на стопер пред премиерлигашките предизвици кои следуваат.

Слични содржини