Мареј за позитивниот тест на Ѓоковиќ: Воопшто не бев изненаден

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот тенисер Енди Мареј не е изненаден од настаните и позитивните тестови на играчите по Адрија тур во Задар, пренесе „б92“.

Тој турнир беше прекинат поради Григор Димитров, кој е позитивен.

Во меѓувреме заболеа и Борна Чориќ, Виктор Троицки и Новак Ѓоковиќ.

„Очигледно, воопшто не е изненадувачки колку играчи беа позитивни кога ќе ги видите сцените, сликите и видеата од турнирот и забавите на кои се играчите и каде нема социјална дистанца“, рече Мареј.

Мари верува дека Адрија тур нема да влијае на одржувањето на УС Опен.

„Видов како некои велат дека ова може да го доведе во прашање УС Опен, но мерките и протоколите таму се различни во споредба со оние во Србија и Хрватска. За почеток, нема да има навивачи и играчите сега знаат што може да влијае врз нив. Без оглед на тоа кој си, мора да се почитуваат правилата “, додаде тој.

Слични содржини