Маричиќ: Девет милиони евра од ЕУ во Росоман за развој на економијата и за чиста животна средина

од Destan Jonuzi

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на неговиот официјален фејсбук профил објави дека Општина Росман ќе добие девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина.

-Со изградбата на фабрика за третман на животинските нуспроизводи се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и еколошко отстранување на отпадот од животинско потекло. Функционирањето на фабриката е во согласност со ЕУ и националното законодавство и е пример за инвестиција во циркуларна економија, која во Општина Росоман отвора нови работни места и директно влијание на заштитата на животната средина, конкретно почвата и водите, стои на фејсбук стстусот на Маричиќ кој денеска се сретна со градоначалникот на Росоман, Стојан Николов.

Вицепремиерот за евроинтеграции воедно посочува дека во процесот на пристапни прегеговори локалните самоуправи ќе имаат посебна улога.

-Општините се местата каде граѓаните можат да ги видат првите резултати од преговорите, затоа искористувањето на европските средства за реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани, мора да продолжи, подвлекува вицепремиерот Маричиќ.

Слични содржини