Маричиќ: Џамбаски ја претставува Бугарија, колку што Апасиев ја претставува Македонија

од Vladimir Zorba

„Не можеме ние врз основа на личните навреди на Џамбаски да креираме политика кон ЕУ или Бугарија. Џамбаски ја претставува Бугарија колку што Апасиев ја претставува Македонија. Тој е провокатор“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во неговото интервју за „Макфакс“.

Тој додаде дека Џамбаски е провокатор, кој се обидува да ја омаловажи нашата држава, против што ние се бориме секогап и секаде каде што треба.

„Со Џамбаски и Ковачев сум имал прилика да се судрам во Европскиот парламент и во салата и надвор од неа. Ние никогаш не сме се обидувале да ги убедиме нив дека ние сме Македонци. Нашето постоење како Македонци не зависи од нив, тоа треба сите да го знаеме“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека секоја провокација го отежнува патот на преговорите и завршување на обврските и додаде дека бугарските клубови сами по себе не се опасност за нашиот идентитет.

Слични содржини