Маричиќ: Граѓаните знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат

од Nikola Popovski

Во 2023 да останеме доследни на нашата стратешка цел и да ги продолжиме преговорите со ЕУ, порача вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во својата новогодишна честитка до граѓаните.

Тој порача дека граѓаните тоа го сакаат и знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат.

-Тоа е единствениот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и државата. После 17 години чекање, направивме пресвртница во нашите односи со Европската унија. Очекувам, во позитивна атмосфера, со заеднички консензус и обединување околу евроинтеграциите, да ги направиме и уставните измени. Следната година да се радуваме на уште повеќе државни успеси, на кои сите ќе бидеме горди, а младите и идните генерации благодарни. Имајте среќни и весели празнични денови, посака Маричиќ во своето обраќање до граѓаните.

Слични содржини