Маричиќ на средба со Ќучук: Силно се залагаме за соработка и добрососедство кои носат добробит за двете држави и двата народи

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со бугарскиот европратеник Илхан Кучуќ со кого заеднички констатирале дека е важно да се инвестира во иднина во која двете земји заеднички и искрено ќе отворат нови можности за двата народа.

– Со Илхан знаеме дека секогаш ќе постојат фактори и од двете страни на границата, а и надвор од тие рамки кои сакаат инциденти, национализам, конфликти и враќање во минатото. Но, ние, заедно со нашите граѓани сакаме и силно се залагаме за соработка и добрососедство кои носат добробит за двете држави и двата народи и веруваме дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Во фејсбук статусот, Маричиќ наведува дека меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации и дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужно и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ.

Слични содржини