Маричиќ: Не сме многу далеку – над 70 пратеници даваат поддршка за промена на Уставот

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ кога разговараат со амбасадори ветуваат дека ќе биде променет Уставот во моментот кога тие ќе бидат на власт. Исто така и изборите им се битни бидејќи им се брза, па затоа нашиот предлог е веднаш да ја завршиме обврската, па тоа потоа нека ценат граѓаните кој бил искрен и кој за што се залагал. Тоа е една идеја која што не е за потценување, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ околу евентуалната промена на Уставот и внесување на Бугарите во Преамбулата, која е клучна точка за продолжување на европскиот пат на С. Македонија кон ЕУ.

Toj очекува после завршувањето на дискусијата во Собранието по повод владината реконструкција, да започне поинтезивен процес на консултации.

-Можеме да им понудиме на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ги драфтираме амандманите за Уставот. Доколку седнеме и разговараме за она што треба да се направи, ќе дојдеме до разумен заклучок дека во овие уставни измени нема ништо што е антимакедонско и против државата. Важно е да се влезе во дијалог со сите, рече Маричиќ во емисијата „Студио 10“.

Тој предупреди дека доколку ова не се оствари и застанеме на крајот од годината, можеме да се најдеме во групата на БиХ и Косово, како што вели, „држави шти имаат подлабоки проблеми од нас“.

Маричиќ е сигурен дека над 70 пратеници даваат поддршка за промена на Уставот.

-Не сме многу далеку, но можат да бидат и 78, а да бидеме многу далеку. Треба да влеземе во материјална расправа, посочува вицепремиерот.

Слични содржини