Маричиќ: Од нас зависи дали 2023 ќе биде година за паметење или нова блокада за државата

од Nikola Popovski

Потребна е поголема синергија за да ги забрзаме реформските процеси, на ново кое го очекуваат граѓаните. Владата е надлежна и одговорна за преговорите со ЕУ, но од самиот почеток покажавме отвореност и политичка волја за соработка со сите општествени чинители, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ за време на седницата на собраниската Комисија за европски прашања чија единствена точка на дневниот ред беше информацијата за досегашниот тек на скринингот на земјава.

Тој порача дека преговорите со ЕУ се тешка и сложена задача и бараат вклученост на целото општество за брзо и ефикасно да го заокружиме најголемиот македонски проект.

-Го препознаваме значењето и улогата на граѓанските организации и ценејќи го нивното искуство, експертиза и знаење, работиме на нивно вклучување во процесот. Од нас зависи дали 2023 година ќе биде година за паметење по јасна и сигурна европска перспектива или нова блокада за државата и граѓаните, но овој пат од домашен политички фактор, рече меѓу другото Маричиќ.

Слични содржини